Клучни правила

1. Правилникот за работа на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД, Скопје ги дефинира правилата по кои КИБС ги врши своите сервиси, ги уредува условите за зачленување/исклучување од членство, заштитата на информациите, времето на извршувањето на сервисите, надоместокот за извршените услуги, како и правилата за телекомуникациски пристап.

2. Со Политиката за сигурност на информациониот систем се поставуваат темелните цели и начела за воспоставување на систем за управување со сигурноста на информативниот систем, усогласен со барањата на стандардите.

3. Со Политиката за квалитет КИБС го нагласува значењето за ефикасно и сигурно извршување на клирингот на мали меѓубанкарски плаќања, за извршувањето своите обврски, како и партнерски однос спрема сите учесници во сервисите, за учеството во одржувањето и развојот на меѓубанкарскиот систем, обезбедувајќи висок степен на доверливост и безбедност.

4. Правилник за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на лични податоци во КИБС Со Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци во КИБС, се пропишуваат техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци што ги применува контролорот, односно обработувачот на збирка на лични податоци. Според дејноста и предметот на работа КИБС претставува контролор и обработувач на збирка на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

5. КИБС ПРИСТАП
Телекомуникациското поврзување на членките на КИБС се извршува преку:
        - Телекомуникациската мрежа чиј што администратор е КИБС (КИБС-ФиНет);Бирана (Dial-up) врска;
        - Интернет;
        - Други мрежи.

КИБС-ФиНет е телекомуникациска мрежа на затворена група корисници за размена на податоци со КИБС, изнајмена од телеком оператори. Начинот на поврзување на учесникот во КИБС-ФиНет е опишан во Техничкото упатство за поврзување со КИБС.

Aдминистратор на мрежата е КИБС-ФиНет која:
        - Ја дефинира и одржува адресната структура на мрежата;
        - Посредува при склучување на договор за соодветно сервисно ниво на услуги помеѓу учесниците и      корисниците и телеком операторот/операторите;
        - Врши проценка на подготвеноста на учесниците и корисниците за приклучување кон КИБС-ФиНет.

Врз основа на Договорот за одржување, кој го склучува поединечно со секоја членка, КИБС како администраторот на КИБС-ФиНет може кај членките да ја конфигурира и да ја следи работата на опремата која е интерфејс кон КИБС-ФиНет.
Заштита на мрежата на страната на членката е одговорност на членката. Администраторот на КИБС-ФиНет може да изврши измена на техничките услови за работа со мрежата за што е должен да ги извести членките најдоцна 3 месеци пред влегувањето во сила на измената.
Сервисите со отворен пристап се организираат и извршуваат преку Интернет.

При извршувањето на сервисите со ограничен пристап комуникацијата е со вградени механизми на заштита и со авторизиран пристап на корисникот кој се најавува со примена на електронски сертификат.

Вести и настани

Во периодот од 12 до 15 октомври 2011 година во Охрид, во организација на КИБС АД Скопје се организира и успешно се реализира Меѓународната Конференција на Клириншките Институции од Централна и Источна Европа (ICCI).

Во тек на 2011 година
продолжува Проектот за имплементација на Шемата на директно задолжување на ниво по правилата на "SEPA" (Single Europian Payment Area).

Февруари 2011 година
извршена е ресертификациона проверка на системот за управување со квалитет ISO 9001:2008,со која се потврди издадениот сертификат за квалитет во 2007 година.

Јануари 2011 со позитивен извештај заврши надзорот кој НБРМ го изврши во КИБС.


Директно задолжување

Воведување на шема за директно задолжување во Република Македонија според правилата на СЕПА

Правилник за Основната Шема на Директни Задолжувањa (Нелекториран прилагоден превод)

Линкови на институции

Европскиот платен совет

Национален совет за платни системи