Клириншка куќаКИБС АД Скопје
КИБС КЛИРИНГ
Клирингот на меѓубанкарските плаќања на мали износи е основниот сервис со кој
управува и раководи КИБС. Овој процес се изведува во еден клириншки ден кој
претставува временски период во кој се реализираат сите трансакции означени со
датум на валута од тековниот работен ден. Во рамките на еден клириншки ден можат
да се извршат еден или повеќе циклуси на порамнување. КИБС изведува еден циклус.
Клирингот како дел од платниоит систем во Република Македонија претставува
процес кој се изведува секој работен ден според Календарот на (не)работни
денови во 2011 година на релација: банки - КИБС -
Македонски интербанкарски платен систем (МИПС) и обратно. Овие активности КИБС
ги изведува согласно Правилникот за работа на КИБС, Терминскиот план за работа
на КИБС, и другите акти на КИБС кои ги уредуваат постапките и процедурите за
работење кои се во согласност со
Законот за платен промет и Базичните принципи за системски значајните платни
системи.
Процесот започнува со прием на пакети од банките кои содржат податоци од
инструментите за плаќање издадени од клиентите на банките и од банките по основ
на разни должничко доверителски односи. КИБС утврдува кумулативна состојба за
секоја банка посебно и по принцип на мултилатерално пребивање (клириншка
пресметка) утврдува нето состојба за секоја банка, учесник во клирингот. Овие
состојби ги порамнува во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), а
детален извештај доставува до секоја банка, учесник во клирингот.
Клириншка куќа
Клириншки интербанкарски системи АД Скопје,
|
адреса: КЈ Питу 1, 1000 Скопје, Република Македонија
тел:
+ 389 (02) 3297 400; + 389 (02) 5513 400 факс:
+ 389 (02) 3297 497; + 389 (02) 5513 497 e-mail: kibs-info@kibs.mk contact@kibs.mk
|
|
Вести и настани
Во периодот од 12 до 15 октомври 2011 година во Охрид, во организација на КИБС АД Скопје се организира и успешно се реализира Меѓународната Конференција на Клириншките Институции од Централна и Источна Европа (ICCI).
Во тек на 2011 година
продолжува Проектот за имплементација на Шемата на директно задолжување на ниво
по правилата на "SEPA" (Single Europian Payment Area).
Февруари 2011 година
извршена е ресертификациона проверка на системот за управување со квалитет ISO
9001:2008,со која се потврди издадениот сертификат за квалитет во 2007 година.
Јануари 2011 со позитивен извештај заврши надзорот кој НБРМ го изврши во КИБС.