КИБС ЕРТС
Како законска обврска која е уредена со Законот за платен промет, а по одредување од Министерствтото за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).
Содржината на регистарот и начинот на водење е според Одлуката за начинот на водењето и содржината на Единствениот регистар на трансакциски сметки, донесена од НБРМ. ЕРТС претставува обединет регистар на ниво на Република Македонија и од регистрите на трансакциски сметки кои ги води НБРМ и поединечните регистри кои ги водат носителите на платниот промет. Конструкцијата на сметките се според IBAN, односно Одлуката за пропишување на стандард за конструкција на сметките на учесниците во платниот промет и доделување на водечки број на носителите на платниот промет донесена од НБРМ. Процесот се одвива на релација: носител на платен промет-КИБС-Народната банка на Република Македонија и Централниот регистар на Република Македонија.
Со примена на принципот на реципроцитет, КИБС доставува известување за промените во ЕРТС до сите носители на платниот промет кои дале согласност за разменување на податоци за трансакциските сметки.
КИБС овозможува, по избор на носителот на платен промет кој доставува податоци за промени во ЕРТС, ажурирањето на ЕРТС, да го врши во реално време, веднаш по нивниот прием или на крајот од денот, а промените да се користат од наредниот клириншки ден.
Податоците од ЕРТС се користат согласно законските прописи и од страна на овластените институции: НБРМ, Трезорот при Министерството за финансии, Трезорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и Централниот Регистар на Република Македонија.