КИБС БЛОКАДИ

Согласно Законот за платен промет, доколку на трансакциската сметка на учесникот во платниот промет нема доволно средства за извршување на решение за присилна наплата носителот на платен промет кај кого се води трсансакциската сметка ја блокира сметката и ги известува сите останати носители на платен промет да ги блокираат сметките кои се водат за истиот учесник и од истите не смеат да вршат плаќања.

Известувањето се врши преку сервисот КИБС БЛОКАДИ кој го води КИБС. Основ за блокада на трансакциска сметка може да биде судско решение, решение од надлежен орган (Управата за јавни приходи, Царина на Република Македонија, Министерството за финансии, локалната самоуправа, Фондот за води) или налог за извршување од извршител.

Учесници во сервисот КИБС БЛОКАДИ се носителите на платниот промет.

Процесот на сервисот КИБС БЛОКАДИ се однесува на прием на податоци за блокирана/деблокирана трансакциска сметка од носител на платен промет и доставува во истиот момент на известувањето за блокада до сите носители на платен промет.

Корисници на КИБС БЛОКАДИ се сите носители на платен промет.

Клириншка куќа
Клириншки интербанкарски системи АД Скопје,

адреса:
КЈ Питу 1, 1000 Скопје,
Република Македонија
тел:
+ 389 (02) 3297 400; + 389 (02) 5513 400
факс:
+ 389 (02) 3297 497; + 389 (02) 5513 497
e-mail:
kibs-info@kibs.mk
contact@kibs.mk



Вести и настани

Во периодот од 12 до 15 октомври 2011 година во Охрид, во организација на КИБС АД Скопје се организира и успешно се реализира Меѓународната Конференција на Клириншките Институции од Централна и Источна Европа (ICCI).

Во тек на 2011 година
продолжува Проектот за имплементација на Шемата на директно задолжување на ниво по правилата на "SEPA" (Single Europian Payment Area).

Февруари 2011 година
извршена е ресертификациона проверка на системот за управување со квалитет ISO 9001:2008,со која се потврди издадениот сертификат за квалитет во 2007 година.

Јануари 2011 со позитивен извештај заврши надзорот кој НБРМ го изврши во КИБС.


Директно задолжување

Воведување на шема за директно задолжување во Република Македонија според правилата на СЕПА

Правилник за Основната Шема на Директни Задолжувањa (Нелекториран прилагоден превод)

Линкови на институции

Европскиот платен совет

Национален совет за платни системи