
Историја
Во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Република Македонија, банките од Република Македонија ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. КИБС се регистрира како правен субјект во мај 2001 година со уписот во Единствениот трговски регистар на Централниот регистар на Република Македонија.
Основната цел за која е основана КИБС е вршење на клиринг на мали меѓубанкарски плаќања. КИБС, согласно Законот за платен промет, како оператор на платен систем зазема централно место во клирингот и порамнувањето на меѓубанкарските платни трансакции на мали износи во Република Македонија. Во своето досегашно работење успешно ја извршува дејноста на автоматизирана клириншка куќа, а според статистистичките показатели (да се линкува со страната СТАТИСТИКА) ,од своето основање до денес, обемот на работа покажува тенденција на постојан пораст.
Согласно Законот за платен промет, а по одобрување од Министерството за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), врши размена на информации за блокади на сметки, како и врши размена на други информации кои се од интерес за нејзините членки.
Користејќи ја современата информатичка технологија и расположливата кадровска структура, КИБС изработи сопствени апликативни решенија за сервисите кои ги врши како законска обврска, но и за оние кои се по барање и во договор со своите клиенти.
КИБС од јуни 2006 година е издавач на дигитални сертификати Верба и е регистриран во Единствениот регистар на издавачи на сертификати, кој го води Министерството за финансии. Од 2010 година КИБС е застапник и продавач на широка палета на SSL (серверски) сертификати кои ги издаваат најпознатите издавачи на овој вид сертификати, VeriSign, GeoTrust и Thawte.
Кон крајот на 2008 година КИБС го основа Македонското кредитно биро, прво приватно кредитно биро во Република Македонија, со основна функција да врши целосно или делумно собирање и обработка на податоци за обврските на субјектите, други податоци согласно Законот за кредитно биро како и изработка на извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на субјектот на податоците.